Вести Македонија Топ вести

На роденденот на мајмунчето Мики – посетители во зоолошката му ги украдоа подароците

„Фрустрирачки е дека со години работиме на едукација на посетителите и некако работите се повторуваат како од почеток да треба сето тоа да го преџвакаме“ – вели зоонегувателот, Војо Иванов.

Се подразбира кога одите на роденден не ги присвојувате подароците на славеникот колку и да ви изгледаат привлечни. Но и тоа се случи!

Сите подароци кои ги доби Мики за својот прв роденден, малото гибонче кое беше отфрлено од својата мајка и букетите за неговата негувателка Зера која му го спаси животот магично исчезнаа.

„На сама прослава на роденден додека таа го внесува мајмунчето внатре, подароците што мајмунчето ги добива од неговите најчести и најверни посетители, оние коишто многу често во неделите доаѓаат, подароци од типот на ќебенца, играчки, плишани со кои што мајмунчето сакаше да игра, исчезнаа и тоа од луѓето што беа тука околу. Фактот што мене, еве институцијата не се жали за ова е фактот дека стасавме и по ова да посегнеме. Има сега луѓе ќе речат има камери, вратете ги камерите и што се  мерките ВЕ МОЛАМ ВРАТЕТЕ ГО ПЛИШАНОТО ЌЕБЕНЦЕ И ИГРАЧКА ?! Најмалку важно е тоа во целава приказна“ – додава Иванов.

Според Војо Иванов не е проблемот дали мајмунчето има играчки, туку да се подигне свеста кај возрасните, следствено на тоа и кај децата за колективната одговорност.

Зоолошката не е центар за забава, таа не е циркуз, туку место во кое се едуцирате. Но дури и таблите со едукативни насоки кои ги има на секој чекор редовно ги уништуваат некои посетители со демолирање на истите.

„Вие ќе видите деца или родители кои ќе речат „мама качи се еве го тропни сега ќе дојде“. Посетителите имаат очекување дека животните треба да покажат некаква активност, ако спие треба да стане, ако е станато треба да се преврти, ако ќути треба да викне значи треба да даде знак дека е живо просто“ – рече Иванов .

Годинава Зоолошката градина во Скопје прославува 100 години од своето постоење.

Редно време е велат зоонегователите самите посетителии и тоа особено возрасните кои се пример за децата да научат да ја почитуваат природата и животинскиот свет кои во ова брзо темпо на живеење и врева од сите страни ви дава чувство на еден совршен ден како во песната на Лу Рид.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе