Вести Македонија Топ вести

Корупција во здравството: Пациенти плаќаат за побрз пристап до услуги

Околу 200 од вкупно 1.240 анкетирани лица, преку телефонско и фокус група истражување, велат дека биле сведоци на корупција во здравствениот систем, но повќеето од нив посведочиле во фокус групите. Најчесто, како што покажува истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, од пациентите се барале пари или подароци за побрзо и полесно да добијат здравствена услуга.

Ниту еден од анкетираните не пријавил ваков случај, бидејќи не веруваат дека институциите ќе го решат проблемот. Дел од нив кои платиле ја добиле услугата, додека кај оние што одбиле, состојбата се влошила.

„Повеќе се погодени оние од другите градови и почесто мажи доктори бараат“, вели Дарко Антиќ, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Пациентите потврдуваат дека тешко доаѓаат до термин за преглед, а за дел од услугите им биле побарани пари.

Во здравството многу често се случува од пациентите да се побараат пари за побрзо да дојдат до преглед, болничко лекување или операција. Како главна причина за тоа се наведува недостигот на термини.

Министерот за здравство признава дека до него стигнуваат пријави за корупција. Очекува дека дигитализацијата на услугите ќе помогне во справувањето со овој проблем.

Од здружението препорачуваат зголемени контроли во здравствените установи како еден од начините за справување со корупцијата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе