Државниот завод за ревизија изврши преглед во финансиските извештаи и усогласеност на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за 2024 година на сметката на основен буџет, при што констатирани се низа слабости во финансиските извештаи, односно постојат сомнежи врз нивната вистинитост и објективност, како и на усогласеноста со законската регулатива и воспоставените политики.
Ревизорите откриле недостатоци во процесите на попис на средства, процена на пазарната вредност на градежните објекти и пресметка на плати, како и слабости во организацијата на инспекцискиот надзор и недоставување на шестмесечни извештаи за постапување по претставки и предлози.
Ревизорскиот извештај дава конкретни препораки за преземање мерки од надлежните лица, со цел подобрување на транспарентноста, ефикасноста и усогласеноста на работењето со законската рамка.
