Вести Економија Македонија Најважни

Мицкоски: Мојата цел е да имаме најевтини енергенси и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување

Во изминатите месеци јавноста беше изложена на една упорна и агресивна кампања дека државата наводно тајно договара прифаќање мигранти од Обединетото Кралство. Се ширеше теза дека зад стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство постои наводен „таен договор“, рече на денешната прес – конференција премиерот Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека јавно и недвосмислено Британскиот амбасадор кажа: таков договор не постои и никогаш не постоел.

  • Како влада кога од опозицијата манипулираат деноноќно сме посветени на две работи. Прво, анализа и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток, но и пошироко. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најевтини енергенси коишто се точат во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Погледнете ги цените во соседните држави, за 40, 50, 60% се повисоки од тие коишто денеска ги имаат македонските граѓани. И тоа нема никогаш да излезе од опозицијата и да го признае никој од таму, а беа истите тие коишто не успеаја да обезбедат вакцини за македонските граѓани, па тогаш во време на најголемата криза, ковид кризата, македонските граѓани мораа да одат во соседството да се вакцинираат, или пак да правиме естрада и шоу на граница, кога добиваме донација од скромни пет илјади вакцини. А денеска нема никој да каже дека споредено со тие земји од регионот, за 50, 60 денари по литар имаме пониска цена на енергенсите.  Но ќе се борам и понатаму, нашите граѓани да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со преставниците од нафтената индустрија, рече Мицкоски.

Премиерот се осврна и на економијата. „Мојата борба е да донесеме свеж капитал. И кога доаѓа моментот кој треба да направи разлика меѓу нас и нив од СДСМ и ДУИ, е фактот што со огромно задоволство најавувам дека инвестициите коишто или се почнати, или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИРЗ зоните изнесуваат околу нови 650 милиони евра, тоа се 17 инвестиции коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места. Ете тоа е нашата борба“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе