Вести Економија Најважни

Владата ги чека цените за горивата, ќе се прогласи ли кризна состојба идната недела?

Владата ја чека регулаторна во понеделник да ги објави новите цени на горивата. Ако има сериозен скок, премиерот Мицкоски уверува веќе следниот ден ќе се делува.  Дел од мерките со кои може да се интервенира се познати –  намалување на ДДВ то  или акцизата за увоз на енергенси. Но,  за да се случи тоа мора да се прогласи кризна состојба. Па, од тука се отвара прашањето дали во вторник ќе се случи тоа.

Доколку има драматичен скок на цената се разбира дека ние веднаш уште во вторник на редовната владина седница ќе интервенираме имаме неколку опции, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Иако, нафтените резерви се за нешто над 60 дена Мицксоки тврди дека со оглед на дневната потрошувачка тие се стабилни.

Од друга страна случувањата на Блискиот Исток ги разнишаа и прогнозите за инфлација. Иако, беа во насока дека ќе се намалува, сега очекувањата се дека е возможен нов притисок ако воениот конфликт потрае. Од ФАО веќе излегоа со информација дека е регистрирано поскапување на пченицата, растителните масла и некои видови месо.

Дел од економистите веќе изјавија дека ако дојде до уште една поголема криза, просторот на македонските власти да делуваат со мерки е стеснат. Премиерот го повторни она што изминатите денови го зборуваат неговите министри- состојбата се следи.

Таа можност за нова инфлација, доколку потрае кризата во заливот е возможна, апсолутно е на маса и ние го следиме развојот на настаните, додава Мицскоски

Можниот скок на цената на горивата поради поскапувањето на нафтата, изминативе денови ја зголеми потрошувачката и раздвиженоста на бензиските пумпи. Во јавноста се зборуваше дека на некои станици не се точи гориво или е ограничено.  Мицкоски пак соопшти дека инспекциите се на терен, а најави дека ќе се следи и работата на маркетите.

Вчера, нафтените берзи затворија со цена од скоро 93 долари за барел. Прогнозите се ако продолжи конфликтот дека може да отиде и над 100 долари.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе