Вести Македонија Топ вести

Порасна бројот на Mакедонци кои бараат евакуација

До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток.

Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.

Техничките и логистичките подготовки за нивното безбедно пренесување се во тек. Во Израел, шест македонски граѓани веќе се евакуирале со комерцијални летови, додека уште шест лица ќе бидат транспортирани преку Египет и со владиниот авион ќе се вратат во Скопје.

Сите ќе бидат сместени на безбедна локација на товар на државата пред заминувањето. Во Доха 136 македонски граѓани побарале помош, а дипломатско-конзуларните претставништва подготвуваат план за евакуација и на граѓаните во Бахреин и Кувајт.

Министерството за надворешни работи апелира до сите граѓани во погодените региони да стапат во контакт со претставништвата или СОС-бројот за навремена и безбедна евакуација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка

Sasko Dimovski

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе