Вести Македонија Топ вести

Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар од својата територија

НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот. Ова е пораката што ја испрати генералниот секратар на НАТО, Марк Руте, од посетата на Македонија, кој во контекст на воените дејствија на Блискиот Исток, во кои се инволвирани САД, која е земја-членка на Алијансата, и можна реакција на Алијансата доколку состојбата ескалира, на двапати потенцираше дека НАТО не е инволвирано во конфликтот.

„Но, да бидеме апсолутно јасни што се случува. Иран е се поблиску до можност да ги употреби своите нуклеарни и балистички способности, што не е закана само за регионот на Блискиот Исток и закана за Израел, туку претставува закана и за нас тука, во Европа. Повторно, НАТО не е инволвирано. Можам да ве уверам дека НАТО ќе го одбрани секој сантиметар од територијата на НАТО“, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте притоа е на став дека сите сега се во подобра ситуација, вклучително и НАТО, со тоа што ќе се намалат нуклеарните и ракетни способности на Иран и тоа што го нема повеќе Хамнеи, чиј режим, како што рече, само во една година бил потенцијално одговорен за смртта на 10.000 луѓе.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, која беше домаќинка на генералниот секретар на НАТО, по средбата со него, го потврди ставот на Советот за безбедност од неделата, дека безбедносната состојба во земјата по разгорувањето на конфликтот на Блискиот Исток останува стабилна.

„Самото доаѓање на г-динот Марк Руте во моментов во кај нас и неговото присуство овде е јасен знак дека тој е со нас. И во самото излагање беше потврдено дека НАТО ќе ги брани сите членки на НАТО доколку се најдат во положба да бидат нападнати“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова не сакаше хипотетички да одговара за тоа која би била позицијата на Македонија, доколку НАТО реши да се инволвира на Блискиот Исток. Според неа, за секоја интервенција на НАТО би се решавало на заеднички состанок меѓу сите змеји.

Руте од своја страна ја пофали Македонија дека е клучна за осигурување на заедничката безбедност во Источното крило на НАТО, но и во регионот на Западниот Балкан, кој според него е од стратешки интерес на Алијансата. Ја пофали земјата и за издвојување на два процента од БДП за одбраната, за што рече дека е добра основа за достигнување на пет проценти за одбраната до 2035 година.

Сиљановска пред Руте, пак, се пофали дека Македонија инвестира во заедничката одбрана и безбедност на НАТО, со тоа што од двата процента за одбраната, повеќе од 30 проценти одат за опрема и модернизација на армијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Дејан Дејан

Кривична пријава за радовишанец за силување на дете кое не наполнило 15 години

Sonja Petrusevska

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе