Вести Македонија Топ вести

Струшкото Обвинителство оформи предмет по енормното загадување на водата за пиење во Струга – Центарот за јавно здравје Охрид во проверка на изворот Шум

По  информациите за сериозно загадување на водата за пиење во Струга, Основното јавно обвинителство Струга започна постапка за утврдување на причините и евентуална кривична одговорност. Се проверува дали заматеноста и загаденоста на водата од изворот Шум се резултат на сторени кривични дела против животната средина и природата.

Струшкото Обвинителство оформи предмет и ќе истражува по информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга.  Деновиве од чешмите на стружани тече каллива вода, поради што надлежните институции ја забранија за употреба. Обвинителството ќе утврдува дали заматеноста и загаденоста на водата од изворот Шум потекнуваат од сторени кривични дела против животната средина и природата.

  • „Во координација со МВР ОВР Струга, издадена е наредба до правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се наоѓаат изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје. Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, соопштија од ОЈО Струга.

Водата од градскиот водовод во Струга веќе шест дена е забранета за пиење. Од Центарот за јавно здравје констатирале дека иако денеска е намалена заматеноста на водата, таа е седумпати повисока од дозволеното и не смее да се употребува.

  • Матноста е висока и им препорачувам на жителите на Струга дека оваа вода не е за пиење, не е за готвење, не е за подготовка на храна и не е за одржување на лична хигиена и хигиена на облека, вели Лидија Симоновска, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје Охрид.

Симоновска која била кај Шум,  вели дека во близина има каменолом, а веднаш над изворот имало активности. Додава дека веќе ги нема и оградите околу заштитените зони.

  • Заштитените зони треба да бидат оградени и никакви изведби не смеат да се вршат во самите зони. Бидејќи не се оградени, можам само да претпоставувам од каде доаѓа заматеноста, затоа што изворот Шум никогаш досега не бил заматен, додава Симоновска.

Додек полицијата и обвинителството го истражуваат случајот, од Центарот за јавно здравје инсистираат жителите сериозно да ја сфатат состојбата и да не ја употребуваат водата за пиење.

Нови конртоли на примероци од вода од изворот и од локации низ градот ќе се вршат од понеделник, по што јавноста ќе биде информирана.

Емилија Мисирлиевски

ОЈО Струга отвори предмет за загадувањето на водата за пиење- веќе пет дена тече темнокафеава вода и е прогласена за технички неисправна

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе