Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на Министерството за одбрана за 2024 година и изрази неповолно мислење за нивната точност и усогласеност со законската регулатива.
Притоа, утврдено е дека многу препораки од претходните ревизии не се спроведени, а финансиската евиденција за средства, материјали, залихи и обврски кон добавувачи е непотполна.
Ревизорите воочиле слабости во спроведувањето на пописот, јавни набавки и исплата на надоместоци.
Укажуваат на потребата од подобрување на внатрешните контроли во процесите на плаќање, пресметка и евиденција на плати.
Дополнително, се истакнуваат проблеми со законитоста на Колективниот договор, регистрирање на набавена опрема, координација со надлежни институции и обезбедување на документација за недвижен имот и странски студенти во Воената академија.
Министерството за одбрана во текот на ревизијата изврши сметководствени корекции и достави забелешки на Нацрт извештајот, од кои дел се прифатени, а дел не поради недостаток на докази.
Ревизорот дал препораки за преземање на активности за подобрување на состојбите и усогласување со законските обврски.
