Вести Најважни Свет

Тридневна жалост во Шпанија по несреќата во која загинаа најмалку 39 луѓе, пронајдена е скршена спојка на шините- започна извлекувањето на телата од уништените вагони

Најмалку 39 луѓе загинаа во судир на брзи возови на југот од Шпанија. Задниот дел од возот што превезувал околу 300 патници од Малага до Мадрид излетал од шините, судирајќи се со воз што поминувал во спротивна насока. Ударот ги исфрлил од шините првите вагони на возот кој се движел на релација од Мадрид до Хуелва, којшто паднал во провалија од 4 метри.

Хоспитализирани се околу 50 луѓе, половина од нив се на интензивна нега.

Некои тела биле пронајдени стотици метри од местото на несреќата, изјави регионалниот претседател на Андалузија, Хуанма Морено, кој информираше дека многу тела се заглавени во вагоните.

  • „Проблемот е што чекавме тешка машинерија во обид да се ги подигнат вагоните за да им се овозможи работата на пожарникарите. За да можат судските лекари и другиот персонал да ги потврдат и идентификуваат починатите. Друга можна опција е да се исечат вагоните на парчиња, за да се обидат да се извлечат тие мртви тела. Она што, за жал, се чини дека може да има повеќе мртви луѓе во тие вагони“ – Хуан Мануел Морено, регионален претседател на Андалузија.

Морено истакна дека за идентификување на телата ќе мора да се изврши Де Ен Ка анализа. Напорите за пронаоѓање на телата продолжуваат, а бројот на жртви може да се зголеми.

„Глетката беше ужасна, сликите на ужасот нема никогаш да ги заборавам“, вели градоначалник на Адамуз кој го посети местото на несреќата

Поради несреќата шпанскиот премиер Педро Санчез, кој изјави дека неговата влада ќе ја „открие вистината“ зад судирот, прогласи тридневна национална жалост.

  • „Ќе ја откриеме вистината, ќе ги дознаеме одговорите. И кога ќе го знаеме потеклото и причината за оваа трагедија, како што мораме, ќе ја информираме јавноста преку медиумите со апсолутна транспарентност и јасност“ – Педро Санчез, премиер на Шпанија.

Објаснувањата за тоа што ја предизвикало несреќата се оскудни, а официјалната истрага е во тек.

Според информациите кои протекоа од истрагата пронајдена е скршена спојка на шините каде возот излета од колосекот.

Ана со своето семејство била на викенд во Малага и се враќала кон Мадрид, таа помина со помали повреди, но нејзината сестра е задржана во болница.

  • Некои луѓе беа добро. Но, некои беа многу, многу лошо. Ги имав пред мене и можеше да се види дека се навистина лошо. И не можев ништо да направам. Пожарникарите ја спасија од возот, а двете бевме однесени во болница со амбулантно возило. Во моментов, таа е на набљудување и чекаме- Ана, патничка во воз за Мадрид.

Излетувањето од шините на возот од Малага кон Мадрид се случи синоќа во 19:45 часот во близина на Адамуз, град во покраината Кордоба, околу 370 километри јужно од Мадрид.

Оваа една до најсмртоносните несреќи во Шпанија по онаа во 2013 година во која загинаа 80 лица откако патнички воз излета од шините додека влегуваше во кривина.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе