Вести Македонија

Загина тракторист во струмичко

Полицијата извести дека 58-годишен тракторист починал откако со тракторот се превртел во реката Тркање додека превезувал приколка со дрва. Несреќата се случила во близина на селото Градско Балдовци, а струмичката полиција и обвинителство извшија увид по несреќата.

Во продолжение, соопштението на МВР:

На 17.01.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе