Вести Свет Топ вести

Санчез: Инвазија на САД на Гренланд би го направила Путин најсреќен човек на планетата, тоа би била смртна пресуда за НАТО

Шпанскиот премиер Педро Санчез, во интервју објавено денеска, рече дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила Путин „најсреќен човек на планетата“. Тој предупреди дека секоја воена акција на САД против големиот дански арктички остров ќе направи сериозна штета на НАТО и ќе даде легитимитет на руската агресија на Украина.

„Ако се фокусираме на Гренланд, мора да кажам дека евентуална американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќен човек на планетата. Зошто? – Затоа што ќе даде легитимитет на неговиот обид за инвазија на Украина“, одговори Санчез во интервју за весникот „Ла Вангардиа“.

„Ако СД применат сила, тоа би била смртна пресуда за НАТО. Путин би бил двојно среќен“, додаде Санчез.

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата се чини дека го заостри ставот кон Гренланд, заканувајќи се со зголемување на царините за европските сојузници додека не се дозволи на САД да го купат островот. Во објава на платформата „Трут Сошл“, Трамп наведе дека дополнителните царини од 10 отсто ќе стапат на сила на 1 февруари за сета стока од Данска, од Норвешка, од Франција, од Германија. од Шведска, од Велика Британија, од Холандија и од Финска. Според него, царините ќе се зголемат на 25 отсто од 1 јули и ќе останат на сила сè додека САД не го купат Гренланд.

Американскиот претседател во повеќе наврати истакна дека нема да се задоволи со ништо помалку од сопственост над Гренланд, автономна територија во рамки на Данска. Челниците, пак, на Данска и на Гренланд порачаа дека островот не е на продажба и оти не сака да стане дел од САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе