Вести Македонија Најважни

Филипче за обвинувањата кон него: Претераа, ова ги поминува сите граници, ќе тужам, го повикувам Жан Митрев да поднесе пријава против мене ако смее

Претераа, ова ги поминува сите можни граници доста е, рече лидерот на СДСМ од партиската говорница попладнево за обвинувањата кон него за кои вели дека се „груби лаги, постојана црна кампања и манипулации“.

„Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Мориц, итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џими Џонс, убиец на 300 деца. Вчера отидоа дотаму, преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет на цела болница. Претераа, ова го поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно? – Утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство, за што следно?“, истакна Филипче.

За изнесените работи од владеачката партија кон него најави тужба за клевета која, како што рече, „ќе добијат и наредбодавачите и извршителите“.

„Го повикувам Жан Митрев, нека отиде кај обвинител и нека поднесе пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа, затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета“, нагласи Филипче.

Жан Митрев во телевизиско интервју пред неколку денови посочи дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, во екот на судската хајка против познатиот кардиохирург, обвинет за наводни измами на пациенти при лекување во коронакризата.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе