Одредбите за злоупотребите при јавните набавки да се вратат како што беа во Кривичниот законик пред спорните измени септември 2023 .
Ова беа дел од предлозите на невладините на јавната расправа за измените на КЗ. Меѓу причините кои беа наведени е тоа што во предлог законот опфатени се само две основи за гонење поврзани со јавните набавки.
Беше посочено и тоа што за гонење на злоупотребите се исклучува
имотната корист но и пониските казни.
Професорот Сејфула Османи предложи злоупотребите и несовесното работење на функционерите да не застаруваат. Според професорката Ана Чупевска измените се правна тврдина за заштита на функционери.
Адвокатката Ружица Николовска пак смета предложените одредби за злоупотребите се подобро решение од актуелните решенија кои се резултат на правна гимнастика од септември 2023 та.
Група пратеници на ВМРО ДПМНЕ ги предложија измените во декември како претходно решение до новиот КЗ но и одговор одлуката Уставниот суд.
На јавната расправа во Собранието, професорите адвокати претставници на невладини, ги анализираат и дадоа предлози и за другите членови кои се однесуваат на „Сејф сити“ трговија со дете но и новата одредба за Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио записи или списи со сексуално-експлицитна содржина“.
Елена Ивановска Мукоска
Б.С.
