Вести Македонија Најважни

Собраниски игри со законот за прекршоци и „Сејф сити“  

Договорено е гласање за законот за прекршоци со две опозициски партии, ама нема да биде ставено на собраниска седница утре како што беше првично планирано, туку ДУИ барале дополнителни консултации и гаранции дека нивните забелешки ќе бидат прифатени.

Со изгласување на законот за прекршоци ќе почне и ефективна примена на системот „Сејф сити“, односно казнувањето на сообраќајните прекршоци.

Левица и ДУИ дале согласност за законот, иако останале на своите забелешки за примената и евентуалното нарушување на права и на јазична еднаквост на денешната средба во Собранието. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ни изјави дека на денешната, како што ја нарече неформална координација, на која учествувале и координаторите на ВРЕДИ, Левица и ДУИ, добиена е нивна поддршка за да се изгласа законот за кој е потребно двотретинско мнозинство.

Мицевски вели дека биле сослушани забелешките на партиите кои биле изнесени на вчерашната лидерска средба. Договорено било забелешките да се решат во наредниот период. На координацијата бил повикан и претставник на МВР, но не бил поканет координаторот на СДСМ.

СДСМ сè уште нема одлучено како ќе се постави кон законот, ни изјави координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски кој потврди дека не бил на координацијата. СДСМ има забелешки и за начинот како ќе се управува со податоците собрани со овој голем систем за да не се случи злоупотреба на „Сејф сити“.

Со промените на законот за прекршоци се овозможува целосна примена на „Сејф сити“ и од 1 февруари да почне испраќање на казни по системот за прекршителите на законот, односно за оние возила кои ќе поминат на црвено или ќе возат побрзо од дозволеното.

Најчувстително е прашањето за чувањето на податоците собрани од системот кои не се бришат најмалку 30 дена. Со софвтерската надградба сега „Сејф сити“ има можност за автоматизирано пребарување и откривање на податоци за движење на автомобили по регистарски таблички.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе