Вести Македонија Најважни

„Не прекин, не црна листа, пауза за постапки за иселенички визи“, вака шефот на дипломатијата Муцински ја толкува одлуката на САД

„Пауза, а не прекин“. Вака шефот на македонската дипломатија ја толкува одлуката на САД, стратешкиот партнер на земјава, да ги суспендира издавање иселенички визи за граѓаните на Македонија. Земјава се најде на листата од 75 држави за кои од 21 јануари конзуларните служби на САД ќе ја стопираат обработката на апликации за имигрантските визи од овие земји. Со Македонија на листата се најдоа уште четири балкански држави, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косови, но не и Србија, а европско друштво им прават и Белорусија, Русија и Молдавија.

  • „Не прекин, не црна листа, пауза за постапки за иселенички визи. Ние сме во комуникација со амбасада на САД во Скопје, нашата во Вашингтон комуницира со америкнскиот Стејт департмент, дека согласно нашите информации од конзуларна природа, најмал број на апликации коишто ги има во нашата држава се апликации за овој тип на визи и генерално се работи за граѓани од една повозрасна категорија. Така да комуницираме и за прашањето за иселеничките визи. За секој друг тип на визи нема никаквио ограничување, за иселеничките ќе изнакдеме некакво решение“, рече Муцунски.

Муцунски не сакаше да открие која е причината за вакавата одлука на САД, иако земјава била информирана за одлуката на Вашингтон, а не се открива и бројката на апликации за иселенички визи од земјава.

Шефот на дипломатијата побара време за да може дипломатијата преку, како што вели, одличната комуникациија која ја има со стратешкиот партнер, позитивно да ја изненади македонската јавност од развојот на визната политика со САД со затворање на прашања, кои 20 години не се затворени.

Муцунски за тоа дали по примерот на безрезервната поддршка која Македонија ја даваше на одлуките на САД, ќе ја поддржи и оваа одлука на стратешкиот партнер, со став дека визна политика на друга држава не е тема коментарање.

  • „Визна политика на друга држава, вклучително и нашата, не е наше прашање да ја критикуваме или да не ја критикуваме, кога има предизвик наше прашање е да најдеме решение“, рече Муцунски.

Шефот на дипломатијата во контекст која земјава досега ја даваше на одлуките на билатерални и мултилатералните одлуки на САД, на прашањето пак дали Македонија ќе даде поддршка и за евентулан одлука на Вашингтон да го преземе Гренланд од Данска, со одговор дека за тоа дек земјава ќе се консултира и координира и со САД, но и со ЕУ и нејзината заедничка надворшена и безбедносна политка, која Македонија на следи.

Тамара Грнчароска

(видео)Суспензија за имигратски визи за 75 земји меѓу нив Македонија, БиХ, Црна Гора и други земји од Западен Балкан

 

Б.С.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе