Филмови

ЛАРС Е „ЛОЛ“ – понеделник, 19 јануари 2026 – 16:15

Аманда се враќа на училиште по летниот распуст и сè уште е безнадежно заљубена во својот соученик Адам. Но таа не се осмелува да му покаже дека ѝ се допаѓа – едвај се осмелува и да му каже „здраво“. Сè станува многу покомплицирано кога Аманда добива задача што ја смета за вистинска социјална катастрофа: таа станува менторка на новото момче во одделението, Ларс, кој има Даунов синдром. Иако не сака, на крајот сепак прифаќа.

Ларс привлекува несакано внимание кон Аманда. Таа мисли дека ја посрамотува пред Адам и другите ученици. Но кога подобро ќе го запознае Ларс, Аманда открива дека имаат многу заедничко. Со Ларс таа се опушта и конечно се осмелува да биде она што навистина е.

Иако стануваат добри пријатели, за Аманда е важно нивното пријателство да остане скриено на училиште, особено од Адам и, не помалку важно, од Ана – најпопуларната ученичка во класот. Кога Аманда почнува да се дружи со Ана само за да му се приближи на Адам, сè станува уште полошо. Кај Ана не е „кул“ да се дружиш со Ларс – напротив, „кул“ е да го исмеваш.

Од страв и самата да не биде исмеана, Аманда на крајот го изневерува Ларс. Таа прави нешто ужасно, за што искрено се кае. Како ќе може да го исправи тоа и да му се извини на Ларс?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПАДОТ НА МЕСЕЧИНАТА -недела, 05 јули 2026 – 24:00

Дејан Дејан

КРИСТИНА – недела, 05 јули 2026 – 22:15

Дејан Дејан

ЛУСИ – ГАНГСТЕРКАТА – недела, 05 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе