Државната изборна комисија соопшти дека на изборите во четирите општини, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина – Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – од вкупно запишани 128 286 гласачи на 215 избирачки места, гласале 3 553 гласачи, односно 3,32 %.
Според ДИК, во споредба со гласањето на 19-ти октомври минатата година, до 11 часот, на овие повторени избори се забележува разлика во однос на излезноста во овие општини.
Единствено во општина Врапчиште, за минимални 0,48% е зголемена излезноста, додека во Гостивар е намалена за 1,96%; во Центар Жупа за 2,61 % и во Маврово и Ростуше е намалена за 5.82%.
