Борба против Лажни вести Вести Свет

Социјалните мрежи се главниот пат на дезинформациите до јавноста

Дезинформациите се најголемата закана за демократските општества и вредности за кои тие се залагаат, и борбата против нив е во прв линија на ЕУ и НАТО и на сите други релевантни меѓународни актери. Но, за тоа се свесни и оние кои ги продуцираат дезинформациите вели професорот Марко Милосављевиќ, шеф на катедрата на Факултетот за новинарство во, Љубљана, Словенија, кој за дезинформациите зборуваше и на конференцијата на „Евротинк“, посветена на подобрување на медиумското образование. Според Милосављевиќ, странските дезинформции доаѓаат од неколку држави, како Русија и Кина.

„Тие се многу активни и на Западниот Балкан, но и во целата Европа и светот. Нивниот интерес не е само Украина, туку се работи и за систематски напади врз ЕУ, на одделни земји и политичари, а потоа и на некои стопански интереси, како што е заштитата на националните економски интереси“, вели Милосављевиќ.

Кога станува збор за ширењето на дезинформациите Милосављевиќ не смета дека главниот канал се традиционалните медиуми иако кај нив подложноста на дезинформации го лоцира во нивната се послаба финансиска состојба, но и се помалку новинари, што, според него, значи дека тие можат помалку да направат, да проверат помалку информации. Вториот проблем се социјалните мрежи, кои, како што вели, се во рацете на американски корпорации.

Затоа во Европа, вклучително и на Западниот Балкан, вели тој, би требало да се засили регулативата, бидејќи саморегулативата не е доволна.

Професорот Богдан Опреа, шеф на катедрата на Факултетот за новинарство во Букурешт вели дека токму поради улогата која социјалните мрежи ја омаат во ширење дезинформации, и тој смета дека е потребно јакнење на регулативата за социјалните медиуми.

„Сега, барем на ниво на ЕУ, ние мора да ја засилиме оваа регулатива, Регулативата за дигитални услуги. Мора да ги охрабриме националните институции и тие на ЕУ да го направат тоа“, смета Опреа.

Според него клучно во борбата е бирањето на луѓето од каде ќе добиваат информациите.

„Не ги консумирајте медиумите на социјалните мрежи. Консумирајте ги медиумите на медиумските платформи.  Социјалните медиуми се модерни, и јас ги користам, но се за забава, но тие не се средина за вистински вести, бидејќи вистински информации се тие кои се обработени од вистински новинари“, вели Опреа

Не помалку важни според него се и медиумската писменост и едукација на луѓето, на кои мора да се работи, бидејќи во средина каде што технологијата го презема главниот збор мора да се научи да се прави разлика меѓу вистински и лажни информации.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партијата на пензионери бара итна реакција за состојбата во пензискиот фонд

Kristina Kuzmanovski

(Видео)Вирално „запросување“ на врвот на Емпајер Стејт Билдинг: руските руфтопери уапсени по опасен спектакл над Њујорк

Tea Dimkovska

Атанасовски: Со реконструкцијата се измери коалициската вредност на ЗНАМ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе