Вести Свет Топ вести

Папата Лав XIV ги поздрави верниците: Искривената економија нè води да се однесуваме кон човечките суштества како стока

Папата Лав XIV излезе на поројниот дожд што врне во италијанската престолнина Рим, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, за да ги поздрави собраните верници.

Поглаварот на Римокатоличката црква го направи ова пред да ја одржи традиционалната миса во пресрет на Божиќ, што е негова прва, соопшти агенцијата, додавајќи дека неговото појавување било изненадувачко.

Базиликата „Свети Петар“ е преполна, а преостанатите верници надвор ја гледаат службата што започна на огромни екрани.

-Ви благодарам што дојдовте дури и на дожд! Најдобри желби на сите! Човечката гордост те оптоварува толку силно што само божествената смиреност може повторно да те подигне. Додека искривената економија нè води да се однесуваме кон човечките суштества како  обична стока, Бог станува како нас, откривајќи го бесконечнот достоинство на секоја личност. Додека човештвото се стреми да стане „бог“ за да доминира над другите, Бог избира да стане човек за да нè ослободи од секаков облик на ропство. Дали оваа љубов ќе биде доволна за да ја промени нашата историја?, ги праша папата верниците.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе