Свет

Венс вели дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денеска британскиот сајт UnHerd.

Во интервју за оваа веб-страница, Венс рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено.

„Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите неколку недели е вистинско разбирање за тоа што не може да се преговара, како и за прашањата за кои може да се преговара“, рече американскиот потпретседател.

Венс додаде дека Русите сакаат територијална контрола врз регионот Доњецк, додека Украинците го гледаат тоа како сериозно безбедносно прашање.

Како што истакна американскиот функционер, меѓутоа, украинските функционери приватно признаа дека на крајот веројатно ќе го изгубат регионот Доњецк, но додадоа дека тоа може да се случи за 12 месеци, или можеби дури и подоцна.

Според Венс, затоа, прашањето за територијалните отстапки претставува значајна пречка во преговорите.

Како што изјави тој, контролата врз нуклеарната централа Запорожје и статусот на Украинците што живеат на окупираните територии, како и прашањето за обновата на Украина, остануваат теми на преговори.

Специјалниот пратеник на Кремљ, Кирил Дмитриев, од друга страна, не даде никакви коментари по посетата на Мајами, но изјави дека следната средба треба да биде во Москва, потсети украинската агенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе