Вести Свет

Шведската царина изврши контрола на руски брод под санкции на ЕУ

Шведската царинска служба денеска соопшти дека надлежните органи се качиле на руски товарен брод кој во петокот бил закотвен во шведските води по проблеми со моторот и оти во тек се инспекција и контрола на товарот.

Портпаролот на царинската служба Мартин Хоглунд изјави дека бродот „Адлер“, чии сопственици се наоѓаат на листата на санкции на Европската унија, е прегледан со поддршка на шведската Крајбрежна стража и полицијата.

Непосредно по еден часот по полноќ се качивме на бродот за да извршиме царинска контрола. Инспекцијата сè уште е во тек, рече Хоглунд, додавајќи дека засега не може да изнесе други детали.

Според податоците на сервисот за следење на пловидбата „Marine Traffic“, „Адлер“ е контејнерски брод, долг 126 метри, кој е закотвен кај градот Хаганес, на југозападот на Шведска. Бродот и неговата сопственичка компанија „M Leasing LLC“ се наоѓаат и под санкции на САД поради сомнеж за вмешаност во транспорт на оружје, наведува базата на податоци „OpenSanctions“.

Хоглунд рече дека бродот испловил од руското пристаниште Санкт Петербург на 15 декември и оти шведската царина нема информации за неговата крајна дестинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе