Вести Македонија Топ вести

Обвинителство истражува дали Зимзоленд е безбеден за посетителите

Јавното обвинителство му наложи на МВР да ја собере целата документација од Зимзоленд за да провери дали ги има сите потребни документи за работа. Ваквата реакција на обвинителството доаѓа откако утврдило дека јавно објавените информации укажуваат дека надлежните инспекциски органи не постапуваат согласно законските надлежности за отстранување на реквизитите.

„Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас и веднаш ќе издаде наредба до МВР – Единица за економски криминал да излезе на терен, да направи увид на лице место и да ја обезбеди целокупната документација за функционирање на лунапаркот, а со цел да се испитаат евентуални елементи на кривично дело – Предизвикување општа опасност“, информира Јавното обвинителство.

Телма веќе објави дека повеќе инспекции утврдија пропусти во работењето на новогодишниот лунапарк, но никој не го затвора. Вонреден инспекциски совет е направен по барање на Бирото за јавна безбедност, а во него биле вклучени сите институции. И покрај тоа што во законот пишува дека ако инспекторите утврдат дека постои било каква опасност треба веднаш да се запечати, до сега ниту една инспекција не го стори тоа.

И денеска и Град Скопје и Општина Аеродром ја повторија својата надлежност и дека постапуваат законски. Градот Скопје се амнестира, велејќи дека неговите инспекции утврдиле дека Зимзоленд нема дозвола, но надлежна за отстрануваање е Општина Аеродром на која веќе и го посочија тоа.

„Три пати имаме испратено инспекција на терен и имаме укажување до Општина Аеродром да си постапи нивната градежна инспекција. Не може на кој што ќе му текне и каде ќе му текна во главниот град да поставува реквизити или било каква опрема ако при тоа за истото нема одобрение за градба“, вели Орце Георгиевски, градоначалник на Град Скопје.

Градоначалникот на Аеродром, пак, вели дека известувањето од Град Скопје не е обврзувачко за нив. Тие го следеле законот според кој треба да поминат осум денови, откако фирмата го примила записникот од инспекцискиот совет. Инспекторите биле на терен на 10 декември, па најрано кога општината би постапувала е на 18 декември.

Фирмата „Мега луна 25 Битола“ на Панде Димов има намера да работи до 6 јануари, а реквизитите се таму веќе 20-тина дена. Сопственикот за Телма тврдеше дека ги има сите потребни документи за работење. Изјава не даде, прикажа сертификат за безбедност и известување до Аеродром дека ќе работи на парцела која ја закупил.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе