Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки копан без коска поради неисполнување на законските услови за увоз.
Станува збор за пратка од 2.167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното решение од официјалните ветеринари на АХВ е вратена во земјата извозник – Бразил.
Забраната е изречена затоа што пратката била во спротивност со важечката мерка за забрана на увоз на животни и производи од животинско потекло од Бразил, донесена како превенција од внесување на високо патогената авијарна инфлуенца (птичји грип).
