Вести Свет

Двајца американски војници убиени во напад на Исламска Држава

Двајца американски војници и еден цивилен преведувач загинаа денеска во напад на групацијата „Исламска држава“ (ИД) во Сирија, соопшти Министерството за војна на САД.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, додаде дека во нападот биле ранети и три лица, а напаѓачот бил застрелан на местото на инцидентот.

Парнел прецизираше дека нападот бил извршен во градот Палмира, во пустинскиот регион во централната сириска провинција Хомс. Американската војска во таа област спроведувала антитерористичка операција.

Античкиот град Палмира, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, беше под контрола на терористичката „Исламска држава“ за време на „калифатот“ прогласен од терористичката организација, откако таа презеде делови од Сирија и соседниот Ирак. Иако џихадистичката групација ги загуби тие територии, таа продолжува да извршува напади во Сириската пустина и во други региони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Брисел го забрзува темпото на проширувањето со денешниот „Супер вторник“ како „највозбудлив“ доказ

Tea Dimkovska

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе