Темата за мигрантски кампови повторно ја тресе јавноста – со сменети улоги меѓу власта и опозицијата. Она што во 2017 го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ, денес го тврди СДСМ за актуелната влада. Британски медиуми објавија дека дел од одбиените азиланти што Велика Британија не може да ги врати дома би можеле да бараат азил во Македонија и слободно да се движат и работат тука. ЕУ најавува центри за мигранти надвор од Унијата, а експертите предупредуваат дека „каде што има чад, има и оган“. Владата демантира кампови, но професорот Дејан Трајковски вели дека кампови ќе нема, но ќе има станови за одбиени азиланти кои слободно ќе се движат и работат во државата“. СДСМ обвинува дека ќе станеме база за туѓи мигрантски политики, ВМРО-ДПМНЕ негира и тврди дека договорот е само за инфраструктура.
Дали земјата ќе стане пункт на туѓи мигрантски политики?
АНКЕТА: Дали договорот со Велика Британија носи: а) Инфраструктура или б) Одбиени азиланти
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
