Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне, околу 15:38 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом во селото Огњанци, скопско, e пронајден починатиот Р.О. кој бил на 19-годишна возраст.
Екипа на Итна медицинска помош излегла на местото на настанот и, според полицискиот извештај, лекарот констатирал смрт без видливи траги на насилство.
„По извршениот увид и укажаната лекарска интервенција, констатирана е смрт без видливи повреди, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција,“ соопштија од МВР.
Случајот понатаму се истражува за утврдување на причините за смртта.
Т.Д.
