Вести Македонија

Министерството за правда го испрати законот за Судски совет во Европската комисија на мислење

Министерството за правда го испрати законот за судски совет во Европската комисија на мислење. Потоа ќе оди во Собранието. Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“, но и зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите се дел од новините во законот кој требаше да биде донесен уште во јуни но како дел од реформската агенда доби грејс период од една година.

Во меѓувреме наместо по нов закон членови ќе се бираат по старите правила. Завршија огласите за избор на наследници на Селим Адеми и на Ханиф Зендели. Првиот го бира Собранието вториот судиите. Двајца членови треба да предложи и претседателката Сиљановска Давкова за испразнетото место на Мустафа уште од јули а кон крајот на месецов си заминува и Весна Дамева.

Претседателката најавуваше дека ќе го чека новиот закон за судски совет кој има појасни критериуми за истакнат правник.

Според информациите од судски, на огласот за избор на член од редот на судиите припадници на заедницата што е над 20 отсто кој завршува денес се пријавиле петмина судии: Џемали Саити, врховен судија; Африм Јакупи, судија во Апелација Гостивар; Улбер Хасани, судија од Граѓанскиот суд Скопје; Садула Изаири судија во Основен суд Тетово; Неџат Мемети, судија во Основен суд Куманово , но ќе се чекаaт пријави по пошта до вторник.

На огласот на Собранието кој е веќе завршен, за местото на Селим Адеми има 10 кандидати: Фехми Стафа, адвокат; Аљбан Кадриу, дипломиран правник со положен правосуден испит; Ганимете Беџети Исмаили, дипломиран правник со положен правосуден исипт; Феузи Џафери, адвокат; Мони Авзији, дипломиран правник; Ведат Салихи, дипломиран правник; Демир Хамити, дипломиран правник со положен правосуден испит; Aрбер Исаку дипломиран правник со положен правосуден испит; Сејфула Османи, дипломиран правник со положен правосуден испит; Зоран Петковски, дипломиран правник со положен правосуден испит.

Со двајцата членови што треба да ги предложи претседателката, во наредниот период во Советот треба да седнат 4 нови члена а експертите порачуваат при изборот да се има предвид професионалноста и интегритетот а не партиските калкулации.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе