Со новата концепција се надевам дека ќе успееме да влеземе во еден модерен колосек, вели Јаневска во однос на новините во средното образование. Таа истакна дека е има промени во полагањето матурата, односно средно стручната матура се разликува од гимназиската.
Добри чекори правиме за кои резултати ќе очекуваме после четири – пет години, истакна министерката за образование.
На прашањето за опременоста на гимназиите и посебно на уметничките училишта, Јаневска истакна дека тоа зависи и од начинот на менаџирање на самите, планирање на развојот.
- Формиравме нови формули на финансирање и на основното и на средното образование, па со воведувањето на новите формули исполнивме и индикатори од планот за раст на Западен Балкан. За да биде поправедно тоа финансирање за да обезбедиме развој на училиштата, двете формули содржат две компоненти според бројот на ученици, една постојана и една варијабилна. Во постојаната се платите режиските трошоци, а во варијабилната се превозот, јазикот на кој учат децата со посебни образовни потреби, рече Јаневска во Топ Тема и додаде дека тоа започнува од први јануари со преоден период за да ги прилагодиме двете формули.
