Вести Македонија

Казни од 2.450 евра за операторот на храна во ОУ во Карпош – ДСЗИ смета дека треба да бидат повисоки

Фирмата која го снабдува училиштето „Димо Хаџи Димов“ со храна доби парична казна во висина од 2.500 евра. Казната ја изрекоа инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство бидејќи со земените мостри храна од ОУ “Димо Хаџи Димов” било потврдено дека во мусаката има ентеробактерии.

„На операторот со храна за утврдените недоследности изречени му се две парични казни по 900 евра во денарска противвредност (600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице), а за непоседување на сертификат за завршен курс по хигиена за едно лице и немање на топла вода во две училишни кујни изречена е и вкупна казна од 650 евра во денарска противвредност“, соопштија од  Агенција за храна и ветеринарство.

Доколку се плати за една недела казната ќе биде преполовена. Резултатите на Агенција за храна и ветеринарство покажаа и дека во намаз во друго училиште во Карпош е најдена ешерихија коли. Наредено е намазот да не се употребува.

Висината на глобата зависи од големината на правното лице. Сумата може да биде од 500 евра до десет илјади евра. Надлежните сметаат дека тоа треба да се промени и да има поголеми казни

„Не ми се допаѓаат овие казни. Сметам дека треба да бидат повисоки“, кажа Кирил Лазов од ДСЗИ.

Денеска инспектори од АХВ повторно зедоа брисови од работните површини во училиштето „Димо Хаџи Димов“, а вработените во кујната се испратени на вонредни прегледи. Кујната ќе остана затворена сè додека лабораториските анализи  не покажат дека е безбедно да се користи.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе