Податоците од платформата World Air Quality Index (WAQI) покажуваат дека Скопје се најде меѓу најзагадените градови во регионот. Најголем дел од мерните станици денес регистрираат вредности од 150 до 180 AQI, што според меѓународната скала значи нездрав воздух за сите категории граѓани.
Најкритични се локациите околу Партиении Зографски, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром, каде концентрациите на PM2.5 честички се повеќекратно над дозволеното ниво. Додека од останатите градови во земјата на листата најзагадени се Кичево, Тетово Стумица..Овие вредности можат да предизвикаат симптоми и кај здрави лица, а особено кај деца, хронично болни и постари граѓани.

