Вести Македонија Топ вести

Кој е најотворен, а кој најнетранспарентен универзитет во Македонија?“ – истражување на Форумот за образовни промени

Транспарентноста на јавните универзитети во Македонија и понатаму останува на незадоволително ниво, покажува новото истражување „Транспарентноста на јавните универзитети во Република Северна Македонија“, спроведено од Форумот за образовни промени (FECH) во периодот јануари – август 2025 година.

Истражувањето ја мери отвореноста на високообразовните институции преку Индекс на транспарентност, составен од седум категории, со максимум од 21 поен. Само еден универзитет се приближува до највисокото ниво на транспарентност.

  • Универзитет на Југоисточна Европа – 19,3 поени
  • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје – 18,1 поени
  • Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип – 18,1 поени
  • Универзитет „Св. Апостол Павле“ – 15,3 поени
  • Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола – 14,3 поени
  • Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје – 11,1 поени
  • Универзитет во Тетово – 9,1 поени

Универзитетот на Југоисточна Европа, УКИМ и УГД се издвојуваат со највисоки резултати, најмногу поради подобра дигитализација, прегледни веб-страници и навремено објавување информации. Истражувањето покажува дека овие институции навремено одговориле и на барањата за пристап до информации од јавен карактер.

На спротивната страна, Универзитетот во Тетово е најнетранспарентен, со минимални јавно достапни податоци и целосно отсуство на информации за финансиското работење, иако постојат предвидени делови на веб-страницата каде тие треба да бидат објавени.

Кaко клучни недостатоци во транспарентноста се издвојуваат тоа што само 2 од 7 јавни универзитети објавуваат универзитетски гласник, иако тоа е основен документ за институционална отчетност. Финансиската транспарентност е на многу ниско ниво според објавување на годишниот буџет. Според истражувањето само три универзитети го објавуваат годишниот буџет.

Голем дел од документите се поставени како скенирани PDF датотеки, што го отежнува нивното користење. Недостасуваат информации за студентските претставнички тела: кај повеќето факултети не се објавени податоци за студентските собранија и студентскиот правобранител. Недоволно се објавуваат одлуки, записници, научноистражувачки резултати и документи од работата на универзитетските тела.

Форумот за образовни промени „FECH“ дополлнително наведува и препораки за подобрување на финансиската транспарентност, редовно објавување на сите правни акти, зголемување на видливоста на студентските претставници, систематизација на документите поврзани со изборите во академски звања, поголема отвореност во научната работа и редовно ажурирање на веб-страниците. Дополнително се бараат инвестиции во ИТ-инфраструктура и техничка поддршка за универзитетите.

Истражувањето го нагласува алармантниот тренд на системска нетранспарентност во високото образование и го упатува универзитетскиот сектор кон итни и сеопфатни реформи со цел да се обезбеди интегритет, отчетност и квалитет во високообразовниот процес.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе