Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники се противи на најавената реорганизација и прераспределба на медицинскиот персонал, особено од кампусот „Мајка Тереза“ кон други градови.
Синдикатот предупредува дека ова може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем, особено во најоптоварениот кампус. Од синдикатот потенцираат дека секоја кадровска реорганизација мора да се темели на реални потреби, систематизација и долгорочна стратегија за развој на здравствениот систем.
Превземањето на стручни лица од страна на приватни здравствени установи го ослабува јавниот сектор и го загрозува квалитетот на здравствените услуги.
Синдикатот се залага за мерки кои ќе ја заштитат јавната здравствена мрежа, ќе го зачуваат кадарот и ќе обезбедат одржување на високите стандарди на здравствените услуги за сите граѓани.
Т.Д.
