Вести Македонија Топ вести

Огласот за наследник на Селим Адеми при крај – досега се пријавиле седум кандидати

Седум кандидати се пријавиле досега за член на Судски совет кој треба да го избере собранието и да седне на местото на Селим Адеми кому мандатот му завршува на средината на декември. Огласот истекува утре, но уште два дена ќе се чека да пристигнат и евентуално кандидатури по пошта. Според информации за Телма од Собранието, досега се пријавиле:

  • Фехми Стафа, адвокат и поранешен државен правобранител.
  • Аљбан Кадриу, дипломиран правник со положен правосуден испит
  • Ганимете Беџети Исмаили, дипломиран правник со положен правосуден испит
  • Феузи Џафери, адвокат
  • Мони Авзији, дипломиран правник
  • Ведат Салихи, дипломиран правник
  • Демир Хамити, дипломиран правник со положен правосуден испит

Дел од кандидатите претходно се пријавуваа и за народен правобранител, за Антикорупцсика комисија и за Совет на јавни обвинители.

До крајот на неделата завршува и огласот за член на советот од редот на судии кој треба да го наследи Ханиф Зендели.

До крајот на месецот ѝ завршува мандатот и на Весна Дамева, а кандидат до Собранието за нејзин наследник треба да предложи претседателката Сиљановска Давкова, но не само за местото на Дамева, туку и за местото на Милјазим Мустафа кој си замина во јули, но претседателката тогаш најави дека ќе го чека новиот закон за судски совет кој сè уште не е донесен.

Со оглед на тоа што во наредниот период треба да бидат избрани четворица нови членови или тоа е околу една третина од членовите со право на глас, правниците порачуваат дека професионалноста и интегритетот на кандидатите треба да бидат пресудни, а не политичките калкулации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе