Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Нема да се кандидирам за четврти мандат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ниту за претседател на државата, Алиу останува министер за здравство

Азир Алиу останува да раководи со ресорот здравство во владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“. Потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за нов министер за министер за животна средина и просторно планирање, а Беким Сали е номиниран за потпретседател на Владата и нов министер за европски прашања.

Во пресрет на редовниуот изборен Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во Кавадарци, рече дека, засега како што стојат работите, ќе биде единствен кандидат за претседател на партијата. Порача дека нема да оди на четврти мандат, бидејќи, како што порача, „низ личен пример треба да покажеме дека секоја функција има крај“.

„Ако мојот прв мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа времето на консолидирање, реструктуирање и прегрупирање на внатрешните редови, потоа тоа продолжи во вториот мандат кога партијата победи убедливо на парламентарните и на претседателските избори. На крајот од првиот мандат победивме убедливо на локалните избори и враќање во позиција во која денеска се наоѓаме, ВМРО-ДПМНЕ да биде најголемата политичка партија и веќе еве година и половина носител на владата. Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата“, истакна Мицкоски за „360 степени“ и најави промени во партијата.

Мицкоски негира дека по завршување на третиот мандат, планира да се кандидира за четврти, како и за претседател на државата.

„Тие што ме знаат и го знаат мојот карактер, знаат дека јас немам таква амбиција и мислам дека и тоа сценарио го исклучувам од мојот политички ангажман во иднина“, рече Мицкоски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе