Не е докажано присуство на патогени бактерии во мострите од храна и работни површини од кујните при вонредната контрола во девет основни училишта во Општина Карпош, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје.
„Освен во едно од училиштата каде на две површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена“, се додава во соопштението на ИЈЗ.
Од ИЈЗ најавуваат дека ќе предложат иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.
С.Д.
