Одрони и свлечишта на подрачјето на Водно повторно го вклучија алармот за безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Стојан Николовски, жител на Водно, раскажува за проблемите со кои се соочува. Вели дека неговиот дом е веќе ставен во групата небезбедни, бидејќи, според него, сопственикот на хотелот под неговиот имот го поткопал ѕидот, по што тој почнал да пропаѓа.
Жителите велат дека неконтролираното градење мора да запре, а институциите конечно да почнат да ја вршат својата работа.
Проблемот е сериозен и бара итни решенија, предупредува деканот на Градежниот факултет. Тој нагласува дека во иднина мора да се води многу поголема сметка за урбанистичкото планирање и контролата на градбите, за да не се повторуваат вакви ситуации.
Сопственикот на хотел „Тасино чешмиче“, Бранко Илиевски, ги демантира наводите дека зад нивниот објект имало свлечиште и тврди дека ниту една надлежна институција не извршила увид на лице место.
Вчера, алармот за свлечиште и опасноста од негово проширување го крена градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој свика итен состанок со сите надлежни институции. Од нив до Владата веќе се поднесени барања за преземање мерки и активности за санирање на теренот.
Симона Петровска
Дигитална обработка: T.Д.
