Вести Македонија

Лазов: Кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ е затворена, издадено е Решение за забрана, наложени се вонредни мерки за чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Кујната во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ е затворена со жолта лента на која има печат, има датум на затворање и даде Решение за забрана, изјави Кирил Лазов, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Во тоа Решение, покрај забраната, имаме наложено и мерки кои што треба да ги спроведе операторот. Тие мерки се вонредно чистење на објектот каде што се вршел промет, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените и изготвен е записник“, рече Лазов.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе