Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема надлежност во операторите за промет со храна, ние како Државен санитарен и здравствен инспекторат не вршиме редовни и вонредни контролни надзори, освен кога имаме епидемиолошка индикација во кујните, рече Кирил Лазов, директор на ДСЗИ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Но, согласно Годишниот план на работа, Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши редовни инспекциски надзори и тоа најмалку еднаш годишно во училиштата пред крајот на школската година. Притоа правиме увид во санитарно-техничката состојба и санитарно-хигиенската состојба во училиштата. Тоа гоправиме во воспитно-образовните установи, меѓу другото градинки, училишта и студентски домови. Но, ДСЗИ има широки надлежности, вршиме и во социјални установи, вршиме и во јавни установи, аеродроми, пазари, станици, здравствени установи. во фризерници, козметички салони, салони за тетовирање“, посочи Лазов.
С.Д.
