Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека врз основа на испитувањата на земените примероци, попладнево добиле нов резултат, односно во узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа биле најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии биле исто така пронајдени и на три чешми во училиштето
ИЈЗ и натаму ќе биде во координација и комуникација со споменатите надлежни институции и јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на настаните, се вели во соопштението од Институтот.
