Вести Македонија Топ вести

Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул,  ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.

Вадефул ја почна тридневната турнеја во неделата од Сараево, а вчера беше во посета на Белград каде што оствари средби со  претседателот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со претставници на граѓанското општество.

Вадефул претходно ги посети и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Во Црна Гора разговараше со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ. Во Албанија, вчера попладне, се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.

Шефот на германската дипломатија во Скопје доаѓа од Приштина каде што се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.

Германското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и дека тоа го потврдува турнејата на Вадефул.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе