Вести Македонија

Експертите со порака: Реформите се потребни заради Македонија

Без оглед дали земајава ќе го испорача или не клучното политичко барање кон Европската унија – уставните измени, реформите мора да се прават за дома. Ова е ставот на експертите за пристапниот пат на Македонија кон Европската унија, кои коменирајќи го најновиот Извештај за напредокот на Македонија кон Унијата, се на став дека Извештајот кој Европската комисија го објави пред два дена, не е изненадувачки, со оглед дека земјата неколку години наназад стагнира во реформите на патот кон ЕУ од различни политички причини.

„Не оди никому во прилог ако прдолжиме уште долго време во емсто одиме во лер… Меѓутоа тоа не го надокнадува тоа дека рпоцесот на реформи мора да тече поради нас“, вели Симонида Кацарска од ЕПИ.

Правосудните реформи се тесно поврзана со процесот на пристапување, вели Кацарска, и тоа мора да се прифати, далеку од дневно политичките проценки кои се прават.

„Индикатор за тоа каде ќе се движи владата со овие реформи е како ќе г предвиди средствата за овие закони во буџетот од 2026 година“, вели Кацарска.

Според неа, ако земјава во иднина не напредува во поглавјата 23 и 24, правосудство и фундаментални права, Комисијата може да го постави прашањето како ние би ги воделе преговорите, бидејќи тие поглавја се основите на првиот кластер од преговорите.

Но, ако Македонија речиси и да не се помести од место во делот на политичките критериуми во изминатите 12 месеци, таа напредок не направи ниту во економскиот дел освен во делот на слободното движење на капиталот, со пристапувањето на Македонија во СЕПА.

Силвана Мојсовска од Економскиот институт смета дека токму економскиот дел мора да ја освести државата дека мора да се реформира за да може да се постигнуваат економски резултати. Според неа, Македонија има многу добро ниво на подготвенист во првиот од двата генерални економски критериуми – постоење на функционалната пазарна економија, но оти тоа не е доволно.

„Вторито критериум…“, вели Мојсовска.

Според експертите за европските интеграции, Извештајот за напредокот на земјава е еден од најважните инструменти кој го насочува европскиот пат на Македонија и со кој државата може да ги спроведе реформите и како таков треба да се сфатат препораките кои докумнетот ги содржи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткаки еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе