Вести Македонија Топ вести

Се обидел да пее како лажен поп на гробиштата во Ѓорче Петров, па набргу бил легитимиран

Наместо вистински поп, низ гробиштата во скопската  населба Ѓорче Петров се прошетал лажен – тој бил набргу легитимиран, откако започнал да кажува молитва за починатите.

Празникот Задушница се врзува со молитвата за упокоените христијани и најчесто се одбележува во петок и сабота. Граѓаните одат на гробиштата и се упатуваат на гробовите на најблиските, палат свеќа, читаат молитва и принесуваат жртва за спасение на починатите. Покрај одењето на најбисликите, и свештените лица ги посетуваат гробиштата, каде кажуваат посебна молитва која се нарекува и Трисагија во чест на починатите.

На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

„Замислете мои волковчани и ѓорчепетровци, на Задушница, одиш како човек на гробишта за да ги посетиш починатите, да им оддадеш почит и бараш поп. И кога едвај го наоѓаш и го викаш да го испее гробот, и кога оп – од нигде никаде скокаат 4-5 полицајци да го апсат попот. Зошто? Затоа што, всушност, не бил поп, туку некој човек што си нарачал мантија и кандило и си рекол: ‘Сега ќе му е мајката, на жалоста на луѓето пари ќе правам’. Го апсат, го носат во полициска станица, а гробот остана неиспеан. Е моја чудесна Македонија“, напиша корисник на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Корисниците на социјалните мрежи сведочат за ваквиот непријатен настан и разочарано посочуваат дека ова не се гледа секој ден.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе