Вести Македонија Топ вести

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство соопшти дека досега за вакцинација против сезонски грип се пријавиле над 70.000 граѓани, а повеќе од 22.000 веќе ја примиле вакцината. Од ресорното министерство велат дека интересот за имунизација континуирано расте низ целата држава… Вакцинацијата се спроведува на 35 пункта, од кои пет се во Скопје. Граѓаните можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории – лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита и нивните негуватели. Министерството информира дека превентивните тимови продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови, насочена кон повозрасни, неподвижни лица и лица со попреченост, со цел поголема достапност на имунизацијата низ државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе