Вести Македонија Најважни

Разрешен апелацискиот судија Енвер Беџети кој беше ставен на американската црна листа

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети од Апелацискиот суд Скопје. Тој лани се најде на црната листа на САД под сомнежи дека земал мито за судскиот процес за масовното прислушување во кој беше обвинет поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Во образложението на советот пишува дека е разрешен поради потешка дисциплинска повреда со што тој е недостоен за функцијата – судија.

  • Токму поради негова вмешаност во значителна корупција преку примање мито во врска со судски предмети, истиот свесно и намерно не ги елиминирал ризиците и не ги отстранил сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција, поради што со ваквото однесување истиот ја нарушил довербата на јавноста во судството и судската власт како и во правната држава и владеење на правото, што го прави истиот недостоен за вршење на судиската функција- Судски совет.

Беџети имал право да се изјасни за овие обвинувања во текот на постапката. Им посочил на членовите на советот дека соопштение на амбасадата на САД е политички акт, а не за правно издржан документ поткрепен со докази. Тврдел дека нема докази дека за него има предистражна, истражна или кривична постапка. Според Беџети примање мито на судија уште повеќе се докажува со конкретни докази и претставува сериозно кривично дело.

  • Соопштението од Стејт Департментот на САД е акт донесен од политичко тело на странска држава и не е акт донесен од судски орган. Самата постапка која е водена од политичкиот орган Стејд Департментот на САД е еднострана постапка без засегнатото лице да е запознато дека против него се води било каква постапка. Какви импликации би имало доколку истиот овој орган го повлече судијата од т.н. црна листа – напиша во своја одбрана Енвер Беџети.

Инаку „Таргет-Тврдина“ беше главен предмет од аферата за масовното прислушување Мијалков првично беше осуден на 12 години затвор. Беџети пак беше обвинет дека во Апелациониот суд го чувал предметот во фиока 9 месеци. Поради ова изби и скандалот со поранешната претседателка на судскиот совет Весна Дамева на која и беше направен пуч и тогаш беше разрешена од претседател. Подоцна се докажа дека незаконски е разрешена и беше вратена на истата функција.

Билјана Николовска Тодорова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Видовме полицајци, не ни помогнаа – сведочења на малолетници за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе