Тројцата обвинети за предизвикување на пожарот во депонијата Вардариште – Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи – на денешното рочиште пред судот признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата“.
Обвинетите изјавија дека се каат за стореното и ветија дека во иднина нема да го повторат делото, изразувајќи подготвеност да соработуваат во целосното отстранување на отпадот.
Според обвинението, тие незаконски собирале и складирале отпад, што довело до сериозно загадување и предизвикување пожар.
Судот ја констатираше нивната вина, а обвинителството побара соодветна казна.
За ова дело е предвидена затворска казна од три месеци до три години.
