Македонија има сериозни проблеми во однос на примарната здравствена заштита меѓу нив е и моделот на финансирање кој станува се повеќе несоодветен, вели претседателот на Здружението на семејни лекари Драган Ѓорѓиевски.
Лекарите во Македонија се повеќе ја напуштаат земјата, населението старее, а низ повеќе градови во Македонија се соочуваме со недостиг на медицински кадар.
Европската унија одамна функционира со лекари по семејна медицина и кај нив бодовите се платени, но се работи на зголемување на коефициентот беше забележано на есенското генерално собрание на Европската унија на семејни лекари.
- Задолжително нешто што го очекуваме долго време и се надеваме сегашниот министер за здравство кој воедно е програмер по вокација, дека ќе направи комплетно електронско здравство. Тоа значи дека хартиениот картон ќе биде заменет со електронско како и сите останати пријави и дневници со што би се олеснила административната работа. И конечно веќе еднаш засекогаш специјалистот по семејна медицина треба да ја добие својата улога, токму сега имаме поддршка и од ЕУ, бидејќи таму веќе земјите членки во Европскиот парламент поднесуваат директива со која специјализацијата по семејна медицина ќе стане еднаква како специјалност со останатите специјализации, а Македонија за жал се уште не не признава како семејни лекари. Не може општ лекар да има иста плата со специјалист по семејна медицина. Не може капитацијата на општ лекар да биде иста со специјалист по семејна медицина – Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ.
