Со години се бориме, се градат згради по Детален урбанистички план кој што ги пробива параметрите од Генералниот урбанистички план, план кој што го оспоривме и се наоѓа во Јавното обвинителство, исто како и тој план за „Треска“. И тој се наоѓа во Јавно обвинителство“, рече Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од „Независни заедно“, во вечерашната дебата во „Топ тема “ на ТВ Телма.
„Меѓутоа, мафијата со булдожер работи и дозволите се добиваат и караванот си врви. Со лажни бројки за број на жители, со лажни бројки за возила, итн., со несоодветни решенија за сообраќајниците и слично. Нема лажење во урбанизам, а ние цело време сами со себе се лажеме. Како ќе стигне вода до нив, во какво подрачје се градат, многу прашања поведува со себе, токму тој план кај „Холидеј Ин“. Пет години како е во Јавно обвинителство, меѓутоа интересите го кочат тој предмет да не излезе на виделина. И сега како. Урбанизмот не е нешто да се каже дека е урбанизам, тој треба најпрво да биде во заштита на јавниот интерес. И не со лажни бројки“, истакна Ивановска.
С.Д.
