Дефинитивно треба да се намали бројот на општините, треба да се даде некој интермедијарно ниво, не на целата власт, туку барем на сублимат на некои одредени функции кои може заеднички да се тераат на регионално ниво, вели Андреј Петров, поранешен градоначалник на Општина Карпош, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Можеби треба да се размисли и за модел на градоначалник, директно биран од граѓаните. Граѓаните кога директно гласаат за човек е многу важно, различно од некој кога ќе го назначи. Негенерирање на одредени слабости со текот на времето за кои мора да мислиме како да се справуваме. Не може некој да нѝ генерира огромни долгови и ние треба тоа само да го трпиме и да го гледаме. Или некој да е нефункционален во својот мандат. Еве огромен еден град, со нефункционален систем, ние треба само да го гледаме, да се чудиме и да чекаме четири години да поминат“, рече Петров.
