Вработените на ЈП Паркови и зеленило и нивните фирми ќерки „Флораком“ и „Луна“ повторно излегоа на протест и ја блокираа „Илинденска“.
Со тоа што до денес не ја добија августовската плата, тие останаа и без здравствено осигурување.
Проблемот е уште посериозен бидејќи голем дел од вработените се возрасни луѓе кои примаат хронична терапија, меѓу нив има и онколошки пациенти.
Предупредија дека нема да се откажат се додека не ги добијат своите плати.
Дигитална обработка: Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
